Палмер: Вашингтон очекува ЕУ во март да отвори пристапни преговори со Скопје и Тирана

.jpg

САД очекуваат Европската унија следниот месец да ги отвори пристапните преговори со Македонија и Албанија и сметаат дека европскиот пат на двете земји е неопходен, изјави специјалниот американски претставник за Западен Балкан Метју Палмер.

– Сметаме дека двете земји според постигнувањето и заслугите се квалификувани да ги почнат преговорите. Тоа би било важен сигнал што треба да се испрати до регионот. Неопходно е Македонија и Албанија да имаат јасен европски пат и европска перспектива, истакна Палмер за бугарскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Тој изразува загриженост за вклучувањето на Русија на просторот на Западен Балкан и како што наведува обидите на Москва за поткопување на меѓународната поддршка на Преспанскиот договор со кој се реши 27-годишниот спор меѓу Скопје и Атина за името и ја отстрани пречката за приклучување на Македонија во НАТО и ЕУ.

Според него, целта на Русија е да го дестабилизира Западниот Балкан преку конфликти и воведување елементи на хаос, како и креирање раздор меѓу државите во регионот и меѓународната заедница.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top