Пали Колефски е нов градоначалник на Пустец

pali.jpg

Локалните избори во Албанија донесоа промена на градоначалничкото место во општина Пустец. После 12 години и три градоначалнички мандати, од функцијата заминува Едмонд Темелко, кој на вчерашните избори освои само 859 гласови, или 33,16%. Нов градоначалник на Пустец е Пали Андон Колефски од Социјалистичката партија, со освоени 1.505 гласови, односно за него гласале 66,84% од избирачите.

Пали Колефски има 39 години, роден е во Пустец, оженет е и татко е на две деца. Колефски по професија е економист, вработен во царинската испостава во Корча.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top