Осум компании добија признание „Македонски квалитет 2019“

makedonski-kvalitet.png

Осум компании, културно-уметничко друштво и една образовна установа се годинашните добитници на наградата „Македонски квалитет 2019“. Манифестацијата на доделување на признанијата традиционално ја организираше Сојузот на стопански комори (ССК), под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Добитници на „Македонски квалитет 2019“ се „Кривогаштани промет“, „Пакомак“, „Настел“, „Бе-Да Логистик“, „ФитоФарм“, „Бироком“, „Тифи Груп“, „Евросуровина ПА“, Меѓународно училиште „НОВА“ и АКУД „Мирче Ацев“.

Пендаровски ги охрабри добитниците на признанието да продолжат да придонесуваат за развој на македонската економија.

Вие сте носители на нашата национална економија. Би сакал да ве поттикнам и натаму да создавате квалитет, а како амбасадори на македонскиот бренд ја имате мојата безрезервна поддршка во насока на унапреудвање и промоција на нашиот квалитет, рече Пендаровски.

(instore.mk)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top