Оптимизам во владејачката СДСМ за членството на Македонија во НАТО

stoltenberg-zaev-3a5lq2zd2cw8xxlu4ru51c.jpg

Спорите процедури во шпанскиот парламент составен од долен дом и Сенат бараат подолго време за ратификацијата на членството на Северна Македонија во НАТО. За тоа свесни се и актуелниот премиер Спасовски и вицепремиерката Шекеринска која очекува оваа недела да отпочне тој процес.

Шпанија последна го ратификуваше и протоколот за членство на Црна Гора во НАТО, за целиот процес им требаш речиси 4 и пол месеци. За Македонија се уште не е почнат тој процес иако владата е избрана. По шпанската ратификација ќе мора и Собранието да го изгласа прифаѓањето на членството, и за сето тоа има уште вкупно 23 дена пред да биде распуштен македонскиот парламент поради априлските избори. Шекеринска тврди дека НАТО членството, кое е потврдено и на последниот лондонски самит во декември веќе сега дава резултати на економско ниво.

Најголем проблем покрај ратификацијата останува промена на Законот за одбрана за кој е потребно двотретинско мнозинство и кој опозицијата не го прифаќа и не сака да го гласа поради тоа што со новиот закон Армијата се преименува и наместо на Република Македонија ќе треба да се вика но новото уставно име Армија на Република Северна Македонија. Во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека овој потег за ново име и на АРМ не е баран ниту со преспанскиот договор ниту од НАТО. ВМРО-ДПМНЕ од друга страна ја поддржува ратификацијата во Собранието и дури предложи предвремено изгласување, но засега се чека конечната шпанска одлука.

Миомир Серафиновиќ (Телма)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top