Заклучно од денеска Управата за јавни приходи ќе започне да ги доставува претпополнетите годишни даночни пријави на даночните обврзници за приходи остварени во 2018 година.
Инаку УЈП по електронски пат најдоцна до 30 април ќе ги достави на корисничките профили што претходно ги регистрираа даночните обврзници, додека на е-маил адресата корисникот ќе добие информација дека е испратена претпополнетата годишна даночна пријава, која тој како корисник ќе треба да ја потврди или коригира.
До минатата година граѓаните сами ја доставуваа на шалтерите на УЈП, годишната даночна пријава за остварени приходи, а ова е новитет кој за прв пат е воведен оваа година, откако во текот на минатата година, беше усвоена реформата граѓаните електронски да ја добиваат годишната даночна пријава.
Од УЈП информираат дека годишните даночни пријави ќе бидат доставени до сите 700 илјади даночни обврзници, кои се регистрирани во нивниот систем, а граѓаните да ја коригираат или да ја потврдат имаат рок до 31 мај годинава.
Иако претходно беше предвидено и регистрирање на пензионерите, сепак потоа беше одложено регистрирањето во системот на пензионерите што остваруваат приход само по основ на пензија.