ОБСЕ ќе ги набљудува изборите и кампањата

dimitrov.jpg

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров сесретна со шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за претстојните претседателски избори, Корнелија Јонкер.

– На средбата, Министерот Димитров ја запозна соговорничката со актуелната политичка ситуација во земјата и реформските активности на Владата во насока на унапредување на владеењето на правото, човековите права и демократијата. Димитров изразил благодарност за позитивниот одговор на неговата покана до ОДИХР, а во име на Владата на Република Северна Македонија, за набљудување на изборите.

Јонкер, претставувајќи ги основните цели на Набљудувачката мисија, истакна дека покрај набљудувањето на изборниот процес, Мисијата одблизу ќе го надгледува исполнувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, имплементацијата на изборното законодавство, како и изборната кампања во медиумите според утврдената методологија на ОДИХР. Заемно беше изразена подготвеност, по претседатеслките избори, да продолжат активностите за реформа на изборното законодавство со поддршка и на експертите на Организацијата, стои во соопштението.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top