Никола Ѓурѓај реизбран за претседател на МД „Илинден”

Nikola-ur-a-1-700x405.jpg
Македонско друштво „Илинден” со седиште во Тирана одржа изборно Собрание, на кое за претседател едногласно е реизбран Никола Ѓурѓај. За потпретседател е избран  Незир Меча, а за секретар Естела Карамешиноска.
Во следните четири години за прв човек на разгранокот на друштвото за Голо Брдо е реизбран Или Халилај, а за потпретседател Фатри Фетаху.
-Како и досега и во периодот  2019/2023 година друштвото ќе работи на заштита на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија. Нашите заложби секако ќе бидат и во насока на целосна интеграција  на Македонците во политичкиот систем и институциите на власта во Република Албанија, изјави Ѓурѓај.
Македонското друштво „!Илинден” годинава одбележа десет години од формирањето. Иако постојат повеќе друштва на Македонците во Албанија, „Илинден” е најактивно. Тоа е издавач и на весникот „Илинден” единствен печатен медиум на македонски јазик во Албанија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top