Народната банка преку ново едукативно видео од серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“, продолжува со јакнењето на финансиската писменост и едукацијата на населението во нашата земја.
Видеото е достапно на македонски и албански јазик, а во него се преставуваат начините за плаќање со платежна картичка (контактно, безконтактно и онлајн) со што користењето на платежните картички се доближува до граѓаните.