На 7 мај папата Франциск 10 часа ќе престојува во Скопје

2fuploads2fthumbs2fresize2f800x4202f369339.jpg

Прес-службата на Ватикан објави програма за посета на папата Франциск на Бугарија и Северна Македонија, која ќе се одржи на 5-7 мај годинава.

Папата ќе пристигне во Софија на 5 мај во 10 часот. На аеродромот тој ќе биде пречекан од премиерот Бојко Борисов, потоа шефот на римокатоличката црква ќе ја посети бугарската патријаршија, а  во храмот “Св. Александар Невски “папата Франциск  ќе се помоли пред престолот на Св. Кирил и Методиј, просветители на Словените и покровители на Европа.

На 7 мај,  папата ќе ја напушти Софија и заминува за Скопје. По состанокот со претседателот и премиерот на Северна Македонија во просториите на претседателската резиденција , папата Франциск ќе се обрати до претставниците на властите и дипломатите. Потоа, шефот на римокатоличката црква ќе го посети спомен куќата  на познатата Мајка Тереза ​​. Тука ќе има молитва и средба со сиромашните луѓе и верници.

Папата во Македонија доаѓа за прв пат а ќе остане само 10 часа. Доаѓа од Софија, на скопскиот аеродром ќе слета во 8 часот и 15 минути а си заминува во 18 часот и 30 минути.

Римокатоличкиот папа првата историска миса во Македонија  ќе ја отслужи на градскиот плоштад а  преку овие заеднички средби во Македонија сака да испрати  голема политичка и верска порака за мир и сплотеност. 29 апостолско патување на папата Франциск  е најавено официјално со лого на македонски јазик на кое пишува „не бој се, мало стадо“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top