На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список

SPISOK.png

Увидот во избирачкиот список истекува ноќеска на полноќ, исто како и пријавувањето од дијаспората. До денеска ќе трае поднесувањето на барањата на граѓаните за запишување, дополнување или бришење од Избирачкиот список.

Избирачкиот список се става на јавен увид со состојба на граѓани со наполнети 18 години живот, и важечка лична карта за денот на изборите.

Од ДИК ги повикуваат сите заинтересирани кои сакаат да извршат увид во своите податоци, да го направат на официјалната страница на Државната изборна комисија и во подрачјето на канцелариите на ДИК.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top