Најдоцна до петок владејачката партија ќе излезе со предлог за владината реконструкција

vlada1.jpg

Најдоцна до петок владејачката партија ќе излезе со предлог за владината реконструкција. Ова вчера го најави  и министерката за одбрана Радмила Шекеринска во синоќешното гостување на телевизиска  емисија. Таа рече дека најавената реконструкција ќе се случи наскоро.

-Очекувам дека до петок, предлогот за реконструкција да биде доставен во собранието-рече Шекеринска која потенцираше дека следуваат и системски промени на делување во интерес на граѓаните.

Се очекува осуммина министри да ги предадат фотелјите, извори од владината коалиција велат дека дел ќе бидат ротации, а дел нови решенија. Освен на министерско ниво, новиот кадровски бран ќе опфати и над 20 директори

За сега се знае дека  министерот за земјоделие Љупчо Николовски заминува од функцијата и ќе продолжи да работи во партијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top