Најавен нов Закон за употреба на македонскиот јазик

.png

Владата најавува нов Предлог-закон за употреба на македонскиот јазик, за кој деновиве треба да почне јавна расправа.  Според најавите, Законот предвидува вработување лектори во сите институции во државата, но и поактивна афирмација на македонскиот јазик во странство преку обновување на некогашни лекторати, но отворање и нови, особено во соседните земји.

Задолжителното лекторирање службени текстови е пропишано и во постојниот закон

Со постојниот Закон за употребата на македонскиот јазик се уредува употребата на македонскиот јазик, како службен јазик во Македонија. Македонски јазик, во смисла на овој закон, е македонскиот литературен јазик и неговото кирилско писмо. Употребата на македонскиот јазик, во смисла на овој закон ги опфаќа неговата заштита, унапредување и збогатување.

„Македонскиот јазик е духовно богатство од посебно културно и историско значење за Републиката. Употребата на македонскиот јазик, како службен јазик е право и должност на граѓаните на Републиката“, се пропишува во Законот.

Во овој закон се пропишува дека службените текстови од законодавната, извршната и судската власт, локалната самоуправа, учебниците, емисиите, печатот, преводите и други текстови што се објавуваат во согласност со законот, задолжително се лекторираат на македонски јазик.

Лекторирање може да врши лице со положен испит за лектор, односно со добиена лекторска лиценца во согласност со овој закон. Лекторска лиценца дава Министерството за култура по положен испит во согласност со овој закон.

На текстовите на соодветен начин се објавува името на лекторот, односно на друг соодветен начин се документира извршеното лекторирање. Лекторот својата дејност може да ја врши и како слободно занимање, согласно со прописите за трговските друштва.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top