Натпревар за млади со идеи за социјално претпремништво

pretpriemac_delovna_inovacija-678x381.jpg

Млади претприемачи со голема идеја и желба да извршат значително влијание врз општествените проблеми може да учествуваат на петтиот натпревар „Награда за социјално претприемништво“  – Social Impact Award – Kick Off SIA 2019, што ќе биде промовиран денеска во Фондот за иновации и технолошки развој.

Натпреварот се спроведува преку СИА програмата со Бизнис Импакт Лаб, Шпаркасе Банка Македонија ФИТР и Пакомак.

Од програмата СИА најавуваат дека ќе го обезбеди потребното знаење, ресурси и ментори кои ќе им помогнат на младите претприемачи идејата да ја преточат во успешен бизнис. Дополнително, со пријавување во програмата младите ќе имаат можност да бидат дел од победниците за кои се обезбедени 6.000 евра од страна на Шпаркасе Банка Македонија. Oбезбедено е исто така и присуство на Интернационалниот СИА Самит во Киев во ноември годинава кадешто ќе се сретнат со победниците од останатите 18 земји учеснички.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top