Народна банка: Поволни движења во економијата преку пораст на производството и трговијата

1200px-Skopje_X124.jpg

На редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, било констатирано дека порастот на домашниот бруто-производ (БДП) од 4,1 проценти бил во согласност со очекувањата.

„Растот на економската активност е поттикнат од домашната побарувачка, додека нето-извозот има мал негативен придонес. За вториот квартал од годинава, при ограничен обем на расположливи податоци, тешко е да се формира попрецизна оцена за состојбата во економијата. Поволните движења во економијата, се видливи преку натамошниот раст на индустриското производство и прометот во трговијата“, велат од Народна банка.

Остварената просечна годишна стапка на инфлација во првите пет месеци изнесува 1,4 проценти, при очекувања за стапка на инфлацијата од 1,5% за целата 2019 година.

„Ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за оваа година засега се оценуваат како урамнотежени“, додаваат од Народна банка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top