Народната банка ја намали основната каматна стапка на 2 отсто

narodna-banka-NBRM-1.jpg

Одлуката за намалување на каматната стапка се темели на постојаните поволни движења на девизниот пазар, што доведе до поголем раст на девизните резерви од очекуваниот, што, пак, упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти. Истовремено, тековните движења укажуваат на умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци, соопшти Народна банка.

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка за 025 отсто ја намали основната каматна стапка, односно од 2,25 отсто на 2 отсто.

Како што соопшти Народната банка, Комитетот оцени дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика.

„Одлуката за намалување на каматната стапка се темели на постојаните поволни движења на девизниот пазар, што доведе до поголем раст на девизните резерви од очекуваниот, што, пак, упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти. Истовремено, тековните движења укажуваат на умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци“, стои во соопштението.

Понудата на благајнички записи за аукцијата којашто ќе се одржи денеска e задржана на нивото од 25.000 милиони денари.

Во однос на најновите макроекономски показатели за домашната економија, Комитетот оцени дека економскиот раст остварен во првите три квартали од 2019 година, од 3,6%, е во согласност со проекциите за овој период од годината, а расположливите високофреквентни показатели за октомври-ноември се во согласност со очекувањата за поумерен економски раст во последниот квартал од годината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top