Назиф Докле (1945-2014) интелектуалец од Гора борец за правата на Македонците во Албанија

nazif-dokle-300x183.jpg

Назиф Докле интелектуалец, собирач на фолклорот и уметник со македонско потекло од областа Гора, беше основач и прв претседател на етно-културното друштво “Гора” во 1991 година. Роден е на 15 јануари 1945 година во с.Борје, областа на Гора, Албанија. Завршил ликовна уметност во Тирана, отсек склуптура, потоа завршува Висока педагошка школа во Скадар, специјалност албански јазик и литература

Долги години работел како учител, главен инспектор за образование во округот на Кукс и директор на музејот во Кукс а се занимавал и со сценографија и бил режисер на повеќе документарни филмови. Бил член на Друштвото на писатели и уметници на Албанија уште од 1975 година.

Неговата истражувачка активност вклучуваше повеќе материјали од областа на историјата, лингвистиката и етнографијата. Објавил над 35 книги, 130 текстови во весници како и научни и културни списанија во Албанија и други држави. Најпознати негови трудови се речникот “горански-албански” со над 43.000 зборови, “За Гора и Гораните”, “Муке Миле”, “Севни бре ашик, севни бре душо”, “Горански народни песни”, “Богомилизмот и етногенезата на торбешите од Гора во Кукс” идр. Автор на повеќе уметнички изложби. Организиатор на повеќе фестивали во Кукс каде е преставен богатиот фолклор на областа на Гора. Човек кој даде многу за неговата област Гора.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top