Во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) во МКЦ деновиве беа доделени почесните награди „Златна рамка“ за филмски автор, филмски актер и филмски работник на годината.
Наградата за филмски автор на годината ја доби дизајнерот на звук, Игор Поповски, наградата за филмски работник на годината ѝ е врачена на асистент костимограф/гардеробер, Ирена Јовчевска, додека наградата за филмски актер на годината и е доделена на Сара Климоска.
Годинава, дваесет и два македонски филма можеа да се видат на второто издание на манифестацијата „Златна рамка“ што се одржа од 14 до 16 февруари. Станува збор за ревија која ги вклучи сите филмови од македонската кинематографија продуцирани минатата година.