Награда за животно дело на Бајруш Мјаку

bajrus.png

На 54. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп на самото отворање со награда за животно дело се закити и актерот и режисерот Бајруш Мјаку.

„Оваа награда која што се доделува вечерва има една посебна тежина, затоа што таа доаѓа од колегите. И мислам дека ми е подрага отколку некои награди што сум ги добил од т.н. стручни жири комисии, каде одлучуваат 2-3 луѓе“, додаде Бајруш Мјаку.

Бајруш Мјаку е македонски актер и режисер, роден во Качаник, Косово во 1952 година. Во средината на шеесеттите доаѓа во Скопје и тука завршува Гимназија во „Зеф Љуш Марку“. Уште како средношколец почнува да статира и да игра некои улоги во тогашната Албанска драма, при Малцинскиот театар. Во Приштина студирал драмска уметност при Вишата педагошка школа. Професионален актер станува од 1973 година. Во 2014 година е добитник на наградата Ристо Шишков за најдобар актер. Бил дел од познати театарски претстави, телевизиски драми, филмови како на пример, Господ постои, името и е Петрунија, Наше Маало, Бог да ги убие шпиуните, Трст виа Скопје, Солунски патрдии, Волшебното самарче и други.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top