Музичка бајка со оркестарот на Филхармонија и американската виолинистка Естер Ју

-ју.jpg

Бајка е насловен концертот кој оркестарот на Филхармонија ќе го одржи на 20 февруари, а на кој како солистка ќе настапи исклучителната американска виолинистка, Естер Ју.

Диригент на оркестарот ќе биде Чарлс Оливиери Мунро од Малта, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар од Глазунов, симфониската поема „Кампот на Валенштајн“ од Сметана и симфониската суита „Бајка“ од Сук.

Естер Ју го привлече вниманието на музичката јавност во 2010 година кога стана најмлада добитничка на интернационалниот виолински натпревар „Сибелиус“. Во 2012 година беше една од најмладите лауреати на натпреварот „Кралица Елизабета“. Од 2014 до 2016 беше „Уметник на новата генерација“ на Би-би-си и првиот резидент уметник во Кралскиот филхармониски оркестар.

Критиката ја опишува нејзината изведба како неверојатно моќна и драматична.

За диригентот Чарлс Оливиери Мунро критиката пишува дека е неверојатен спој на талент и харизма и дека поседува исклучителна музичка подготвеност.

Билетите се веќе достапни и можат да се набават на билетарницата на Филхармонијата или да се купат онлајн на www.filharmonija.mk

Макфакс

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top