Мелник, Пиринска Македонија: Семакедонски собор во спомен на 104 годишнината од убиството на Јане Сандански

pirinska-makedonija-768x612.jpg

На 21 април 2019 година во градот Мелник, Пиринска Македонија, ќе се одржи Семакедонски собор во спомен на убиството на Јане Сандански.

Организатори на Семакедонскиот собор се ОМО Илинден Пирин, весникот “Народна волја“, Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада, Австралиско-македонскиот комитет за права на човекот, Сојузот на репресираните Македонци и билтенот “Македонски глас“.

На Семакедонскиот собор поканети и добредојдени се сите Македонци и пријатели на Македонскиот народ и сите почитувачи на споменот на Јане Сандански. Предвидена е богата програма со македонски ора и песни.

Јане Сандански, е познат како Пиринскиот цар, Сандан-паша и Старикот, роден е во село Влахи, Пиринска Македонија на 18 мај 1872 година. Јане Сандански е истакнат македонски револуционер, војвода и раководител на Македонската револуционерна организација.

На 22 април 1915 година, кај месноста Блатата, била поставена заседа во која бил убиен. Јаневото тело било пронајдено од еден караван, по што било пренесено во Роженскиот манастир. Неговите останки се наоѓаат во црквата Свети Свети Кирил и Методиј до Роженскиот манастир над градот Мелник.

На надгробната мермерна плоча напишани се неговите зборови: “Да живееш, значи да се бориш. Робот – за слобода, а слободниот – за совршенство”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top