„Медена земја“ на листата на „10 најдобри филмови за 2019“

medena-zemja.jpg

Македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, недискутабилно ги заслужува сите награди и пофалби кои ги добива од сите страни на светот.

Нашиот кандидат за Оскар се најде на првото место на листата „10 најдобри филмови за 2019“ на филмскиот критичар А.О. Скот на „Њујорк Тајмс“.

„Зачнат како информативно видео спонзорирано од владата, овој документарец не е ништо помалку од пронајден еп, реална алегорија за животната средина и боцкава комедија за вечниот проблем со безобѕирни соседи“ – пишува Скот.

На неговата листа се и „The Souvenir“, „Parasite“, „Little Women“, „Marriage Story“, „Peterloo“, „The Edge of Democracy“, „Once Upon a Time … in Hollywood“ и „Atlantics“.

Втората листа со врвни филмови на „Њујорк Тајмс“ ја состави Манола Дерџис која на првото место го постави „Pain and Glory“.

Минатиот месец, „Медена земја“ освои две награди на Избор на критиката за документарци во САД (Critics’ Choice Documentary Awards. На режисерите им беше доделена наградата за Најдобар прв документарен филм, а на главната протагонистката во документарецот – Атиџе Муратова ѝ беше врачена наградата за Најпривлечен лик во документарец.

Наградите, кои ги доделува Американското здружение на критичарите, се сметаат за едни од најдобрите предвидувања на номинациите за „Оскар“, што ќе бидат соопштени во јануари 2020.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top