„Медена земја“ во трката за номинација за „Оскар“

medena-37rzcpwee7qhv3xycxtxj4-1-на-696x383.jpg

Американската академија за филмска уметност и наука на 13 јануари официјално ќе ги објави номинациите и тогаш ќе се знае дали македонскиот документарец ќе биде номиниран и во колку категории.

Како што соопшти Американската филмска академија, „Медена земја“ ќе се натпреварува во категоријата документарни филмови во кои влегоа 15 од првично предложени документарци. Исто така филмот останува како еден од десетте номинирани во категоријата Меѓународен филм. И годинава домаќин на „Оскарите“ ќе биде „Долби театарот“ во Холивуд, а церемонијата ќе се одржи на 9. февруари во Лос Анџелес.

Нашиот филм овој месец беше меѓу петте номинирани за најдобар документарец на Европските филмски награди за 2019. Во низата награди што ги доби овој месец е и признанието од „Њујорк тајмс“ за најдобар во 2019, две признанија на Интернационалните документарни награди во Лос Анџелес, најдобар документарец според њујоршките филмски критичари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top