МД „Илинден”-Тирана донираше училишен материјал во Мала Преспа МД „Илинден”-Тирана донираше училишен материјал во Мала Преспа

zname-ilinden-300x177.jpg
– Македонското друштво „Илинден“-Тирана донираше училишен материјал за училиштата во општина Пустец, Мала Преспа.
Донацијата ја достави претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај, кој другаруваше и со учениците.
– Посебно здоволство ми е што за Македончињата во општина Пустец донирав училишен материјал, што е во соработка со Центарот за информативна поддршка – Нов Контакт – Македонија, од Скопје. Тоа врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка со цел заедничка промоција на македонските национални, традиционални и историски вредности (македонска култура, јазик, традиции, фолклор) на национално и меѓународно ниво,изјави Ѓурѓај за МИА.
Додава дека училишен материјал е дониран за учениците во гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец, деветолетката „Отпорот на Горичаните” во Долна Горица, како и за првачињата во селата Туминец, Шулин и Пустец. Објаснува дека донацијата се состои во македонска литература и граматика, лектири од македонски автори, букварки, боенки за помладите, македонски приказни, училишни ранци, пластични моливи, фломастери, тетратки, географски карти, читанки по македонски јазик и други училишни помагала.
Посетата на Пустец Ѓурѓај ја искористи и за средба со градоначалникот Пали Колефски.
-Разговаравме за проблемите со кои се соочуваат Македоцните во областа Мала Преспа. Ветив дека „Илинден“ со искуството што го има со меѓународните организации ќе помогне за подобрување на условите во областа, рече Ѓурѓај.
Вели дека е договорена поголема соработка на друштвото и локалната власт, а од страна на Колефски бил запознат со прокетите кои општината ќе ги реалзира за подобрување на условите за живот во оваа област.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top