МД „Илинден“ повторно го актуелизира барањето граничниот премин Џепиште –Требиште да функционира 24 часа

zname-ilinden.jpg

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана и огранокот за Голо Брдо повторно побараа од владите во Скопје и во Тирана граничниот премин Џепиште – Требиште во близина на Дебар да функционира 24 часа.

Во соопштението на Друштвото се наведува дека повеќе од неопходно е овој премин, кој е отворен во мај 2013 година, да функционира 24 часа.

– Владите на Македонија и на Албанија на заедничката седница одржана во Поградец на 15 декември 2017 година донесоа одлука граничниот премин Џепиште – Требиште да работи 24 часа. Ако овој граничен премин работи 24 часа тоа ќе биде од голема полза за жителите на Голо Брдо бидејќи сега работи со ограничено време и создава проблеми во комуникацијата и патувањето за Македонија. За нив поблиску е да патуваат до Дебар, отколку до најблискиот албански град Пешкопеја. Повторуваме дека итно бараме да се реши овој голем проблем за Македонците во областа Голо Брдо, пред да почнат да паднат обилните снегови, кога областа со денови е завеана во снег и единствен најблизок излез е токму овој премин па тешко болните се носат во болницата во Дебар, се вели во соопштението потпшано од претседателот Никола Ѓурѓај и на претседателот на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај.

Со ова, како што се наведува, ќе им се помогне на Македонците од областа Голо Брдо бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, а и поголем број туристи ќе ја посетуваат областа Голо Брдо.

Граничниот премин за локален граничен сообраќај Џепиште – Требиште работи од 8 до 20 часот во летниот период и од 8 до 18 часот во зимскиот период. Преминот е наменет пред се за жителите во пограничните зони на двете држави, а од 2014 година по изградбата на асфалтен пат и од албанска страна, може да се патува и со моторни возила.
Прашањето околу граничниот премин Џепиште – Требиште, со барање од локален премин од трета категорија, да премине во регионален премин од втора категорија, на седница на албанскиот Парламент го актуализира и пратеникот Васил Стерјовски од име на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и по барање на Македонците од оваа област.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top