Манчевски: Моторите на дигиталната трансформација се ИКТ компаниите

mancevski-forum.jpg

Дигиталната трансформација и економија се високо на агендата на нашата Влада,  и на наше големо задоволство и на агендата на ЕУ, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во обраќањето на Форум-Innostart, што денеска се одржува во Софија, Бугарија.

– Подобрувањето на стандардот на сите граѓани и на натамошната макроекономска стабилност и структурните реформи во контекст на Програмите за економски реформи, се заедничка цел на сите земји. Среќен сум што сите тука сме свесни за придобивките и го користиме овој поволен период. Но, секако може уште многу да се направи. Ние, како Влада, сметаме дека еден од моторите на дигиталната трансформација се ИКТ компаниите. Активностите за дигитализација бараат партнерски однос на владата и компаниите, но нивното спроведување бара и големи финансиски средства – истакна министерот Манчевски.

Министерот ја претстави и идејата зад Научно-технолошкиот парк во Скопје, на чија имплементација се работи во моментов.

– Пред неколку месеци го отворивме бизнис акцелераторот и го најавивме првиот Научно-технолошкиот парк, во Скопје. Целта е технолошкиот парк да претставува „слободна зона-заеднички простор“ кој ќе ги охрабри студентите, професорите и бизнисите да се поврзат и комуницираат, да споделуваат идеи, искуства, знаења. Се надевам дека заедно ќе напишеме една успешна приказна. Да најдеме начин и да направиме не само да започне со работа, туку и да опстои. Да не биде само обично место, локација за бизниси. Да биде средина која поддржува и зближува, воспоставува партнерски однос и заеднички расте – рече Манчевски.

На панел сесијата, со видео повик се обрати и  еврокомесарката за дигитална економија и општество, Мариа Габриел. Таа ги поддржа напорите на регионот, со помош на дигитализацијата да биде поблску до Европската Унија.

Форумот INOSTART е организиран од Американската стопанска комора во Бугарија и Израел, со поддршка на Амбасадата на САД и Амбасадата на Израел во Софија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top