Манифестација „Ден на пченицата 2019″

_жито_МК_01.jpg

Традиционално последната недела во месец мај под покровителство на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сојуз на стопански комори на Македонија, а во организација на „Агроунија” ДООЕЛ се одржува манифестацијата „Ден на пченицата 2019″.

На настанот најавено е присуство на група експерти од ФАО од Рим, експерти за семе од Министерство за земјоделство на Бугарија, претставници од министерствата за земјоделство од Србија, Турција, Албанија, Хрватска, Косово, Романија, како и на претставници од мултинационални фирми од Германија и Франција што претставува можност за меѓусебно запознавање и едукација.

Најавено е обраќање на претседателката на Сојуз на стопански комори Данела Арсовска, на заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Благе Цветковиќ и на Огнен Оровчанец од „Агроунија” ДООЕЛ.

За изминатите 30 години во „Агроунија” се признати над 15 сорти пченици во Македонија, во Србија, Албанија, Косово, Бугарија и во Грција. Од 2019 година на европскиот каталог на сорти ќе бидат внесени за прв пат две македонски сорти пченици и една сорта тритикале кои се создадени во „Агроунија” ДООЕЛ Скопје.

Со оваа манифестација се допринесува за афирмација како на македонското земјоделство, така и на севкупната македонска наука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top