„Манаки, приказна во слики“ на Роберт Јанкуловски е најдобар документарен филм во Југоисточна Европа

rsz_seeaparis_2019_best_documentary.jpg

Документарниот филм „Манаки, приказна во слики“ ја освои наградата за најдобар документарен филм на деветтото издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа SEE a Paris 2019.

Филмот е во режија на Роберт Јанкуловски, по сценарио на Илинденка Петрушева, монтажата е на Блаже Дулев, музиката на Дарко Спасовски, а во продукција на Македонски центар за фотографија.

Филмот го опфаќа фотографското и филмското творештво на Јанаки и Милтон Манаки, првите сниматели на Балканот, кое е огромно и многу битно за македонската и балканската култура и документира збиднувања од 19 и 20 век. Документаристичкиот начин на гледање на нивниот живот и дело во овој филм е преставен преку анимирани фотографии и снимен материјал во денешно време.

На фестивалот „SEE a Paris“ кој се одржа во перидот од 28 до 31 мај, уште еден македонски филм беше награден со наградата за најдобро сценарио, тоа е играниот филм „Исмејување на Христа“ по сценарио и режија на Јани Бојаџи.

Филмовите „Манаки, приказна во слики“ и „Исмејување на Христа“ финансиски се подржани од Агенција за филм.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top