Министерот за економија, Крешник Бектеши, во 14:30 часот, во хотелот Double Tree by Hilton во Скопје (сала Platinum), ќе го отвори бизнис-форумот помеѓу Северна Македонија и Чешката Република.
Покрај министерот Бектеши, на бизнис-форумот свое учество ќе имаат и заменик-министерот за индустрија и трговија на Чешката Република, Едуард Мурицки, министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ, претседателот на Конфедерацијата за индустрија на Чешката Република, Јарослав Ханак, амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан, претседателoт на Сојузот на стопанските комори, Данела Арсовска, како и над 120 компании од разни сектори на двете држави.