Македонците кои студирале и живеат во странство ќе може да конкурираат за економски промотори

angjushev_balkanski_01-678x381.jpg

Македонците кои студирале и живеат во странство ќе имаат можност да конкурираат на огласот за промотори во економските канцеларии за привлекување на инвеститори. Вицепремиерот Анѓушев посочи дека изборот на кадар ќе биде транспарентен, но се надева дека интерес ќе има и од иселениците.

Просториите ќе бидат отворени во Турција САД и Германија, но кога ќе почнат да функционираат и колку ќе чинат од владата сеуште не презицираат.

Според Анѓушев целта на економските канцеларии е со помалку луѓе и ниски трошоци да се привлечат повеќе странски компании и да се промовираат домашните производи на странските пазари.

Претходно на привлекување на странски компании работеа над 30 промотори во повеќе земји. Но Владата одлучи дека тој принцип е неефикасен и најави отворање на економски атешеа во конзуларно дипломатските престваништва, но и овој прелдог пропадна по што беше одлучено привлекувањето на инвеститори повторно да се врши пркеу промтори.

Во моментов во зоните работата 24 странски фирми. Иако тие се достапни и за домашните компании досега инвестирала само една домашна фирма.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top