Македонците во Латцен – Хановер ја одбележаа Стара нова година – Василица

latcen.jpg

Македонците во Латцен – Хановер традиционално го прославја празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар. Меѓу Македонците во Латцен – Хановер, празникот е познат како Василица, и се прославува во духот на македонските обичаи и традиција. Во секое македонско семејство омаќинките подготуваат пита или како што ја нарекуваат мазник со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта. Честитка по повод Стара Нова година, до сите Македонци во Латцен – Хановер, во матичната земја и дијаспората упати Македонски клуб “Илинден”- Латцен – Хановер со желби за здравје, среќа, мир и благосостојба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top