Вчера во Македонската православна црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто, се одржа Света божествена литургија во чест на паднатите борци за ослободување на Македонија.
По литургијата, во организација на Организацијата Обединети Македонци во Канада, а со присуство и учество на други македонски црковни општини и организации, пред споменикот на паднатите борци за ослободување на Македонија, изграден во дворот на црквата, се отслужи молебен за слава на сите македонски родољуби кои ги дадоа своите млади животи за нашата татковина Македонија.
Претставници на повеќе организации и црковни општини во Канада по повод големиот национален и верски празник на Македонскиот народ – Илинден, положија свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци за ослободување на Македонија.