Македонците во Албанија бараат православниот Божик да биде државен празник во Албанија

predlog-Bozik-da-bide-nacionalen-praznik.jpg

Малцинствата од православна веросповест во Албанија бараат седми јануари, да влезе во календарот на официјални празници. Барање за тоа денеска до албанскиот законодавен дом доставил Васил Стерјовски, пратеник од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.

Денес во албанското Собрание поднесов амандман за дополнувања на законот бр. 7651, од 21.12.1992 година „За официјалните празници и спомен денови “. Преку овој амандман, предлагам албанското Собрание да го внесе во календарот на празници во Република Албанија, 7-ми јануари, Божик според Јулијанскиот календар и тој да биде неработен ден за македонското, српското и црногорското национално малцинство од православна вероисповед, изјави за Македонски весник “Илинден” Стерјовски. Во образоложението наведува дека Божик ,Хрстовото раѓање е еден од најголемите празници за православните христијани и за таа цел, неговото славење на достоинствен начин е неопходност за сите припадници на македонското, српското и црногорското национално малцинство од православна вероисповед во Албанија.

Поддршка на оваа иницијатива, даде Советот на општина Пустец, кој смета дека е многу неопходно, со оглед на фактот дека Општина Пустец е населена со 100% македонско население од православна вероисповед. Ги слават православните празници вклучително и Божик според Јулијанскиот календар, вели Стерјовски. Посочува дека целосна поддршка дал и Државнот комитет за малцинства, како и сите здруженија кои ги застапуваат интересите на македонското, српското и црногорското малцинство во Албанија и се грижат за нивниот национален, верски, културен иденттет.

Се очекува Владата да даде позитивна согласност за предложениот Закон, а Собранието да го донесе до крајот на 2019 година.

Инаку, Албанската Православна Црква, Божик го слави според Грегоријанскиот календар на 25 декември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top