Македонско друштво „Илинден“-Тирана, упати честитка до Васил Стерјовски по повод изборот за претседател на Македонска алијанса за европска интеграција

zname-ilinden-300x177.jpg

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, упати честитка до Васил Стерјовски, по повод изборот за претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Дозволете ми во мое лично име, во име на македонското друштво „Илинден“ и од името на припадниците на македонското национално малцинство во Албанија, да Ви го честитам изборот за претседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), единствената македонска партија во Албанија. Делегатите на Конгресот,кој ги имаше од сите делови на Албанија, со едногласната подршка, избраа кој ќе ја води (МАЕИ) во наредните четири години,се наведува во честитката. Во исто време се нагласува подршката во напорите што партијата предводена од Стерјовски ќе ги вложува за унапредвање на правата на Македонците и зачувувањето на нивниот национален идентитет.

Во вашето справување со предизвиците на Македонците во Албанија, како во остварувањето на нивните легитмни права така и во зачувувањето на македонскиот идентитет, ја имате нашата огромна поддршка. Напредокот и благосостојбата на македонскиот народ во Албанија претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот национален, јазичен, културен и духовен идентитет.Ви посакувам голем успех, и убави дела, честа и достоинственоста да Ве следат и да се постојано со Вас. Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување. – стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај претседателот на Македонско друштво „Илинден“-Тирана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top