Македонските вина претставени на реномиран саем за вино во Германија

54515983_2369971059891086_2087002348034457600_n.jpg

Посетителите на еден од водечките меѓународни саеми за вино, „ProWeine“ во Дизелдорф, Германија, изминативе три дена имаа можност да се запознаат со македонските вина претставени со учеството на 10 македонски винарници. „ProWeine“ е еден од најголемите саеми на кој на едно место се среќаваат производителите на вино и купувачите кои ги претставуваат големите трговски синџири и угостителството.

При претставувањето на македонските вина акцентот е ставен на сортата вранец. Македонскиот национален штанд на годинешниот саем е финансиски поддржан од Програмата за руралиот развој на Министерството за земјдоелство, шумарство и водостопанство. 

„Промоцијата на македонските земјоделски производи, вклучително и на македонското квалитетно вино, е еден од нашите приоритети.“ – велат од Министерството.

Во годинешната Програма за рурален развој издвојуваме вкупно 60 милиони денари со кои ќе се поттикне промоцијата на македонските земјоделски производи домашни и странски саеми и манифестации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top