Македонскиот документарец „Театарот Скупи“ на фестивал за археолошки филм во Фиренца

skupi.jpg

Македонскиот документарен филм „Театарот Скупи“ во режија на Владимир Блажевски на 14 март ќе биде прикажан во Фиренца, Италија.

Тој ќе има проекција во рамките на официјалната програма на фестивалот за археолошки филм „Firenze Archeofilm” што ќе се одржи од 11 до 15 март.

„Театарот во Скупи“ е научно-образовен филм кој го документира комплетниот процес на обнова на римскиот театар – објект од национално, но пред сѐ цивилизациско значење.

Паралелно, се обработува и историјата на градот Скупи. „Филмот не ги открива само тајните на театарот – тој нѐ воведува во археологијата како наука, а и во конзерваторството како занает“, велат од Агенцијата за филм.

„Театарот во Скупи“ е во продукција на Фокус Покус Филмс, а директор на фотографијата е Димо Попов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top