Вршителот на должност амбасадор на Македонија во Србија, г. Александар Поповски и претседателот на Националниот совет на Македонците во Србија г.Борче Величковски и претседателката на македонското здружение „Кирил Пејчиновиќ“, г-ѓа Марија Продановиќ денес остварија средба со градоначалникот на Краљево д-р Предраг Терзиќ и со г.Сретен Јовановиќ, помошник на градоначалникот задолжен за културни манифестации и соработка со партнерските градови.
Како што истакна градоначалникот д-р Терзиќ, на средбата се разговарало за досегашната и идната соработка помеѓу двете земји и за положбата на македонското малцинство во инситуциите на град Краљево. Една од темите на средбата била и иницијативата за воспоставување на мини-Шенген во регионот и придобивките што би произлегле во корист за нашите народи во олеснување на процедурите за работни дозволи и другите погодности. „Тоа е добро за економската соработка и развој на земјите од регионот и подобрување на соработката на локално ниво„ – стакна градоначалникот на Краљево.
Амбасадорот Поповски се заблагодари за приемот и средбата и ја пофали Србија како пример не само во регионот туку во Европа и светот, како треба да се почитуваат правата на малцинствата, вклучувајќи го и македонското каде соработката е на одлично ниво и македонската амбасада посакува тоа да продолжи и понатаму.
Претседателот на Националниот совет на Македонците во Србија г.Борче Величковски дека македонското малцинство во градот Краљево и Рашкиот округ е добро етаблирано во мултикултурно, мултиконфесионално и мултинационално Краљево и со својата култура и традиции живее во братољубието и хармонија со мнозинскиот српски народ.
Претседателката на здружение „Кирил Пејчиновиќ“ г-ѓа Марија Продановиќ истакна дека на територијата на Краљево здружението брои 700 членови, а во поширока неофицијална статистика во целиот Рашки регион околу 3.000 членови.