Македонската градоначалничка во Мелбурн мета на закани од грчка страна

emilja-sterjova-300x242.jpg

Македонката Емилија Стерјова, градоначалничка на општината Витлси во Мелбурн, деновиве се соочува со притисоци и закaни од грчката заедница во Мелбурн – објави порталот „Фаланга”

Причината за заканите е нејзиното учество на прославата на 28-та генерација матуранти на училиштето по Македонски јазик во Мелбурн, како и фотографиите со македонското шеснаесеткрако сонце од Кутлеш, со кое Стерјова играла на оро, пишува порталот.

Според податоците на “Фаланга” oд денеска Емилија Стерјова ќе биде под полициско обезбедување на сите јавни настапи. Се очекува лицата кои и се заканувале да бидат изведени пред cyд.

„Фаланга” додава дека се почесто од страна на грчката заедница се бара јавно извинување од Стерјова и неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Витлси, како и нејзино отстранување од Лабористичката партија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top