Македонија и Јапонија – 25 години дипломатски односи

makedonija-japonija-300x155-1.jpg

Девет проекти за шест региони ќе бидат потпишани денеска по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Јапонија и Македонија.

На церемонијата на потпишувањето на грант договорите ќе присуствува јапонската амбасадорка Кеико Ханеда и девет директори од институциите добитници на грантовите, министрите за здравство, за образование, за локална самоуправа, и заменик-министерот за труд и социјална политика. На приемот по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи ќе се обратат амбасадорката Ханеда и шефот на дипломатијата Никола Димитров, а ќе бидат објавени и добитниците на грант помошта за оваа година.

Македонија и Јапонија пред 25 години ги воспоставија дипломатските односи. Амбасада на Македонија во Јапонија е отворена во мај 2013 година, јапонската во земјава во јануари 2017 година. Кеико Ханеда, која е повеќе од една година на функцијата е првата резидентна амбасадорка на Јапонија во земјава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top