Македонија и Хеленик Петролеум преговараат повторно да се активира нафтоводот Солун – Скопје

du6yu5ifqia9f2rc6459.jpg

Дали годинава ќе се активира нафтоводот Солун-Скопје и дали низ него ќе тече само нафтата на ОКТА или пристап ќе имаат и други увозници на нафтени деривати во земјата. Овие прашања се се уште отворени и се ставени на преговарачката маса меѓу Македонија и грчката нафтена компанија „Хеленик Петролеум“. Медијатор е Енергетската заедница во Виена, а додека траат овие преговори стопиран е судскиот спор пред Арбитражниот суд во Париз со кој грчката „Хеленик“ ја тужи Македонија и бара отштета од 32 милиони долари заради неисполнети обврски. Дали ќе има договор или не, ќе се знае до крајот на мај.

– „Она што е наша позиција, во рамките на добрососедските односи со Грција, ќе се обидеме да ја намалиме штетата која што нашата држава би можела да ја трпи, односно средствата кои што по основ пенали што треба да се исплатат да ги намалиме максимално…. За било кој инфраструктурен проект од енергетиката, без разлика дали станува збор за далековод за струја, гасовод за гас или сега во случајот за нафтовод за нафта и продукти од нафта, треба да важи конкурентност. Тоа значи дека секој треба да има пристап до тој инфраструктурен проект. И бидејќи станува збор за енергетика Регилаторнака комисија ќе ја утврдува цената за користење на тој објект.“ – изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер.

80% од нафтоводот е во сопственост на грчката компанија, а 20% на Македонија и тој е дел од договорот што нашата земја го потпишала со „Хеленик петролеум“ во 99 година за приватизација на ОКТА.

Грчките медиуми веќе известија дека преговорите се веќе во напредна фаза, но Анѓушев е повоздржан.

– „Во моментив не постои договор не е постигнат договор ,но се обидуваме да најдеме решение и не можам да кажам дека имаме заклучок кој што би бил негатвен или позитвен. Кога ќе биде постигнат некаков договор ние ќе го кажеме.“ – изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер.

Не сакам да навлегувам во штетноста на договорот, тоа ќе го истражуваат други институциим, вели Анѓушев. Творец на договорот со Грците беше поранешниот премиер Љубчо Георгивески. Според договорот Македонија беше обврзана да купува годишно 500 илјади тони мазут и доколку тоа не го прави да плати пенали од 29 долари по тон. Македонија веќе еднаш изгуби тужба од Хеленик и плати штета од 40 милиони долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top