Македонија – Британија, борба против перењето пари

mk-uk-perenje-pari.jpg

Македонија и Велика Британија ќе разменуваат искуства и ќе ја продлабочат соработката во борбата против царинските кривични дела и перењето пари. За таа цел денеска е потпишан и меморандум.

Обединетото Кралство дава голема поддршка за реформските процеси кои се потребни за евроинтеграциите на земјава. Од власта велат дека еден од приоритетите им е сузбивањето на неформалната економија и корупцијата, но признаваат дека без поддршка од  странство тешко се справуваме со овие негативни трендови.

„Организираниот криминал денес е многу софистициран. Перењето пари и финансирањето тероризам се дела кои најтешко се докажуваат. Ако ние како мала држава ја немаме помошта од земјите како Велика Британија кои имаат развиено разознавачки систем насекаде низ светот, ако не добиеме од нив информации, тешко ќе може да прибереме податоци за перење пари со големи суми и меѓународни организирани мрежи“, рече Блажо Трендафилов директор на Управата за финансиско разузнавање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top