Македонец ќе се бори во УФЦ против еден од најдобрите на сите времиња!

77942-makedonec-kje-se-bori-vo-ufc-protiv-eden-od-najdobrite-na-site-vreminja.jpg

Волкановски, кој минатата година ја заврши со спектакуларна победа, си обезбедил дуел со еден од најдобрите ултимејтфајтери на сите времиња, Жозе Адо и според информациите на австралиските новинари, битката ќе се одржи на 11 мај. Волкановски има скор од 19-1, но неверојатни 16 победи во низа, а негов последен триумф му беше против Чад Мендес, по што си го зацементира местото меѓу ѕвездите во ултимејтфајтот.

„Очигледно е дека ме ‘туркаат’ кон погорните рангови. Ми даваат добри борби, големи борби. Гледаат нешто посебно во мене. УФЦ, мислам гледа нешто посебно“, вели Волкановски.

Победникот од дуелот на Волкановски со Адо веројатно ќе добие шанса да се бори за титулата и да го предизвика Макс Холовеј, моментно рекордер по број на завршени борби пред време (13), две повеќе од руската ѕвезда Хабиб Нурмагомедов.

Македонецот родум од Австралија со триумф во Бразил ќе направи исчекор кон можноста да се круниса за најдобар ултимејтфајтер на светот во својата категорија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top