Маестро Трпчески го крена на нозе виенскиот „Musiкverein“

.jpg

Фантастичен финиш на концертната 2019 година. Брамс во Musikverein Vienna (Виенското музичко друштво), напиша маестро Симон Трпчески по одличниот концерт вечерва во главниот град на Австрија.

Но видеото од концертот, особено делот каде што целатата виенска музичка елита неколку минути со овации ја поздравува изведбата на Трпчески, подобро покажува колку еден од центрите на светската класична музика го цени маестралниот Македонец.

Трпчески во Виена настапи со Тонкустлер Оркестар и маестро Лионел Брингулар со кои го репродуцираа „Пијано концертот број 1“ на Јоханес Брамс.

Златната сала на Vienna Musikverein е најпознатата австриска и светска локација за класична музика.

Во оваа сала која собира околу 2800 посетители се одржува новогодишниот концерт на Виенската филхармонија а во неа секој ден во годината има концерти со најпознатите светски музички ѕвезди. За билет се чека со години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top