Литовски: Овие две-три години бугарската пропаганда во Македонија многу се зголеми и зајакна

litovski.png

Посетата на потпретседателот на бугарската Влада, Каракачанов на Битола, обично во Македонија за одредени кругови секогаш претставува политичка провокација, толкување на историјата, личности од историјата итн…, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, проф. д-р Александар Литовски.

За историчарот проф. д-р Александар Литовски, поводот на Карачанов бил промоција на книга – Личноста и делото на Тодор Александров, а било организирано од битолско здружение.

-За изненадување салата беше доста полна. Некои од порталите напишаа дека се чекало ред и за потпис на самата книга. Тоа што доаѓа од бугарските националистички кругови е редовна провокација и нема многу врска со науката и политиката туку со некои неостварени национални соништа од минатотот кои некои луѓе во 21 век сериозно мислат дека можат да ги остварат и реализираат. Јас не верувам во таквите можности и овие ситни провокации не треба да вознемируваат. Што се однесува до подигањето на прашина, сметам дека и малку се подигна. Во некоја обратна ситуација, доколку ние би отишле во Бугарија и таму би продавале такви тези би било голема врева- вели проф. др.Литовски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

-Сакам да кажам дека во Бугарија е многу набиена националистичката атмосфера на сите нивоа и тоа може да се забележи од резолуцијата на бугарскиот парламент кога скоро едногласно беа усвоени оние анти-македонски заклучоци. Притисокот е голем и тоа докажува дека притисок се прави на сите нивоа, на цел спектар на бугарското општество. И левица и десница и центар сите се едногласни во притисокот врз Македонија да прифати некои бугарски национални перспективи и за минатото и за иднината- вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, проф. д-р Александар Литовски.

Нашите политички елити, вели Литовски, не разбираат дека Бугарија работи темелно и систематски долги години во врска со Македонија и оттаму воопшто не е наивна таа цела приказна во Македонија.

-Овие две-три години бугарската пропаганда во Македонија многу се зголеми и зајакна. Од историјата до бизнис полето- вели Литовски.

За концетрацијата на екстремни пробугарски чувства во Битола, Литовски вели дека во овој град има пробугарско лоби кое се должи на работата на бугарскиот конзулат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top