Литија со моштите на свети Георгиј ја освети Струга

struga-litija-2019-03-696x522.jpg

Струга вчера ја имаше досега најмасовната црковна поворка – литија, со повеќе од 10 илјади посетители, на која се прикажаа моштите на светиот великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона. Претходно во храмот на великомаченикот во Струга беше отслужена ктиторската вечерна богослужба.

Годинашната струшка литија (Еордија) со чесните мошти на светиот великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона беше збогатена со благословот на сепречистата Богородица, преку нејзината чудотворна икона Крнинска, од манастирот „Пречиста Кичевска“, носена од четворица кичевци. Оваа година моштите на светиот победоносец Георгиј беа носени од двајца видни струшки граѓани. Моштите беа придружувани и чувани и од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија.

Бигорската и Рајчичката монашка обител, на чело со архимандритот Партениј, првпат пред десет години, со благослов на владиката Тимотеј, ги донесе моштите на св. Георгиј Победоносец на традиционалната струшка литија, за да ја поткрепи и збогати.

Литијата постои во Струга уште од времето на преродбата, која е на местото од стариот храм од 16 век, кој бил урнат во времето на Османлиите. Иконата на свети Георгиј, пак, е најстарата икона од овој светец во Македонија, а се вбројува и меѓу седумте икони од 13 век пронајдени во македонските храмови. Му припаѓала на иконостасот на старата истоимена струшка црква, која била урната и на нејзино место во 19 век бил изграден денешниот централен црковен храм „Свети Георгиј“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top