Лингвистичката работилница на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ во Охрид

.jpg

Од 27 до 29 јуни, во Охрид, во Куќата на Уранија (МАНУ), ќе се одржи Работилница на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика, при МАНУ, како прва активност од традиционалната манифестација – Научната и уметничка визита на МАНУ – Охрид 2019” .

Работилницата ќе работи секој ден, со почеток во 11 часот и е отворена за сите заинтересирани колеги, но и граѓани – соопштија од МАНУ.

На лингвистичката работилница ќе се разгледуваат методите на обработка на дијалектни атласи, теоретските и методолошките поставки на дијалектолошките истражувања, современата состојба на македонските дијалекти, а ќе се дискутира и околу концепцијата за изработка на дескриптивна граматика на македонскиот јазик.

На 27 јуни (четврток): Презентација на работата врз Лингвистичкиот атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА) – Истражувачки центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ – МАНУ.

На 28.јуни (петок): Презентација на работата врз Македонскиот дијалектен атлас -Одделение з

а дијалектологија, Институт за македонски јазик „Крсте П. Мисирков.

На 29.јуни (сабота): Дискусија околу концепцијата за изработка на дескриптивна граматика на македонскиот јазик.

Во рамките на летните активности на МАНУ, на истотоместо, во во Куќата на Уранија во Охрид, на манифестацијата Научна и уметничка визита Охрид – 2019, ќе се одржуваат научни средби, изложби и промоции на членовите и центрите на МАНУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top