Во Универзитетот ,,Фан С. Ноли’’ во Корча, ќe се отвара Лекторат за македонски јазик. Оваа идеја произлезе од Научниот симпозиум посветен на “Животот и литературното дело на Стерјо Спасе”, кој во соработка со македонското друштво “Сонце”, беше организиран од Универзитетот, кога министерот Едмонд Адеми и амбасадорот на Република Северна Македонија во Тирана, во разговор со ректорот Али Јашари побара зацврстување на врските и поголема соработка меѓу универзитетите во Република Северна Македонија и универзитетот “Фан С. Ноли”.
Во таа насока, амбасадорот Данчо Марковски, по извршени претходни подготовки и координација со ректорот на Универзитетот “Климент Охридски” во Битола, Сашо Коруновски оствари работна средба со ректорот на државниот Универзитет „Фан С.Ноли“ во Корча, Али Јашари и членови на ректорската управа, при што беа иницирани два конкретни предлози:
Отворање на Лекторат за македонски јазик и заемно организирање на проверка на познавање на македонскиот јазик и издавање на дипломи на заинтересирани студенти и лица.
Ректорот Али Јашари информираше за веќе воспоставената соработка со универзитетите во Република Северна Македонија и идејата за воспоставување на Лекторат ја оцени како мошне добра.