Кристијан Ниневски по втор пат најсреќен од сите верници, најстариот учесник во Скопје има 75 години

.jpg

Крстот минатата година ми донесе синче, сите да сте живи и здрави , посака  најсреќниот верник на денешното положување на светиот крст во  водите на реката Вардар, Кристијан Ниневски.

Тој досега 7 пати учествувал на положувањето на крстот, а втора година по ред успева прв да дојде до него.

На свечениот чин на положувањето на крстот во водите на реката Вардар и претходеше  богојавленската литургија, во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“со која чиноначалствуваше   г.г. Стефан, поглаварот на Македонската православна црква.На литургијата присуствуваа и благослов побараа 140те верници кои оваа година скокаа по крстот во Скопје.

Меѓу пријавените по 7ми пат учествува и 75 годишниот Миле Јанковски, кој досега  186 пати дарувал крв, а годините воопшто не му пречат да и понатаму биде дел од верниците кои скокаат по крстот.

Вербата во Бог, радоста која ја носи мигот и среќата која во текот на годината ги прати , долги години ги мотивира скопјани да скокат по крстот, дел од нив, и повеќе од 20 години учествуваат и се надеваат дека еден ден и тие светиот крст ќе го понесат во својот дом.

И оваа година централната манифестација во скопје беше една од најпосетените и најмасовни, голем број на верници го следеа положувањето на крстот во Вардар а меѓу нив и странски туристи кои беа видно заинтересирани за случувањата и посакаа да дознаат нешто повеќе за оваа христијанска традиција.

На чинот на положување на светиот крст во водите на реката Вардар присуствуваше и  заменичката на претседателот на владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, која посака среќа и радост за верниците.

Богојавление водици се прославува во сите земји што имаат православно христијанско население и веќе два милениума се смета за еден од најголемите христијански празници, со кој му се дава значење на крштевањето како една од светите тајни на христијанството. Се смета дека водите во кои се положува крстот се осветуваат и стануваат лековити.

(24 вести)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top