Крај на кампањата, од вечерва политички молк

7AB303DA-4B25-4DAF-BB34-D496206BA078_w1023_r1_s.png

Вечерва на полноќ завршува тринеделната претседателска кампања и стартува политички молк пред неделните избори за претседател на државата и за градоначалник во три општини. Денеска е последен ден кога политичките кандидати ќе им се обратат на гласачите со политички пораки со цел да ја побараат нивната поддршка пред првиот изборен круг.

Кандидатот поддржан од Алијанса за Албанците и „Беса“, Блерим Река вчера со митинг во Тетово ја заокружи изборната кампања. Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски кампањата ја завршува денескасо митинзи во Струга и Охрид, додека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ќеима вечерен митинг во Штип, а претходно ќе одржи митинг и во Пробиштип.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top