Кралот на валцерот, Андре Риу вечерва ќе го одржи својот концерт во Скопје

Andre-Rieu1xx_3504727b.jpg

Светската ѕвезда Андре Риу (André Rieu) познат како „кралот на валцерот“, вечерва со почеток во 20. часот ќе настапи во живо во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје заедно со својот оркестар „Јохан Штраус“ кој брои 60 членови. Нашиот град е дел од неговата светска турнеја за 2019-та година.

Поради своето маестрално диригирање заедно со својот оркестар и изведбата на неговата светски позната виолина „страдивариус“, тој секогаш успева да ја анимира публиката и да ја воодушеви. Повеќе од 40 милиони продадени ЦД и ДВД изданија, 30 први места во топ-листите и 500 платинести награди се само дел од она што го прави Андре Риу вистински „маестро на публиката“, како што го нарекува „Њујорк Тајмс“. Неговите „ЈуТјуб“ видеа надминуваат далеку над милијарда прегледувања досега, а над 3.8 милиони фанови го следат Кралот на Валцерот на „Фејсбук“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top