Комисијата за трговските марки ќе се формира кон средината на мај

trgovski.jpg

Мешовитата комисија од експерти што треба да решава околу називите на трговските марки кои го содржат терминот Македонија, македонско, македонска и слично ќе се формира кон средината на мај – најави денеска премиерот Заев по средбата со грчкиот колега Ципрас. Грција во изминативе години, а особено по потпишувањето на Преспанскиот договор во неколку наврати им правеше проблеми на македонските компании кои го користеа името Македонија кога се претставуваа на меѓународни саеми. Денеска компаниите од двете земји на заеднички бизнис форум се обидоа да го надоместат пропуштеното на економски план во последниве 30 години.

За македонските бизнисмени, пак, најважен е непрекинат пристап и поволности за македонските компании што го користат Солунското пристаниште. Тие барат и модернизација на железницата Солун – Скопје, како и поефикасна прекугранична трговија. Двете земји најавија отворање нов граничен премин Мајден кај кавадаречко.

За грчките компании, пак, клучно е да е обезбеди побрз транспорт низ земјава з агрчките стоки да стигнуваат побрзо до европските држави. И двете страни сметаат дека има голем простор за соработка во областа на енергетиката, инфраструктурата, туризмот.

На бизнис форумот во Скопје учествуваа 400 бизнисмени. 170 претставници на грчки фирми имаа директни средби со македонски стопанственици. Инаку лани Грција била ни била втор трговски партнер со вкупен обем на размена од 840 милиони евра. Грчките фирми минатата година вложиле 26 милиони евра во земјава со што Грција го зазема 7-то место на листата најголеми странски инвеститори кај нас.

Тања Попова

(Алфа)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top